Рударска несреќа во близина на Доњецк

04.03.2015 10:06

До експлозијата дошло поради мешање на гас и воздух. Во моментот на експлозијата 47 работници биле во рудникот, а 33 во делот каде се случила несреќата...

Повеќе од 30 лица загинаа во експлозија во рудникот Засјадко во Доњецк, соопшти шефот на безбедносните служби на рудникот Владимир Цимбаљенко. 
 
Можеме да кажеме дека повеќе од 30 рудари загинаа. Спасувачките екипи се уште не пристигнале до местото на експлозијата, се обидуваат најпрво да го неутрализираат отровниот гас, а потоа ќе се спуштат во јамата, истакна Цимбаљенко. 
 
Се сомневаме дека до експлозијата дошло поради мешање на гас и воздух. Во моментот на експлозијата 47 работници биле во рудникот, а 33 во делот каде се случила несреќата, се наведува во соопштението.  
 
Властите немаат никаква комуникација со рударите, кои се заробени на длабочина од 200 метри.