Бугарин во грчко возило криумчарел мигранти во Македонија

04.03.2015 11:30

МВР соопшти дека против бугарскиот државјанин Н.П. (29) ќе биде поднесена соодветна пријава...

Полициска патрола синоќа на автопатот Неготино - Велес во возило „Сеат толедо“ со грчки регистарски ознаки управувано од бугарски државјанин открило седум илегални мигранти од Сомалија и Сирија.
 
МВР соопшти дека против бугарскиот државјанин Н.П. (29) ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите кои се возраст од 20 до 23 години ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.