Кошарка

Кој е најбогатиот во светот на спортот?

04.03.2015 11:33

Мајкл Џордан е новиот „руки-милијардер“ на најновата листа на ФОРБС...

Славниот кошаркар Мајкл Џордан  е новиот „руки-милијардер“  на најновата листа на ФОРБС. Нормално, изразено во американски долари. Но, кои се имињата на лицата  со најдлабок џеб, инволвирани во спортот? ФОРБС направи и таква листа. Засега „најтежок“ е Американецот Стив Болмер, сопственикот на НБА лигашот Лос Анџелес Клиперс.

Неговото богатство се проценува на 21.5 милијарди американски долари. Тој е  35 –от најбогат човек на светот во момнетов. Втор на „спортската“ листа  исто така е Американец. Тоа е Пол Ален,кој од своето богатство проценето на  17.5 милијарди долари инвестира  во НБА,НХЛ и МЛС  лигите.

Трет е рускиот бизнисмен  Михаил Прохоров, газдата на кошаркарите на Бруклин Нетс, кој со „само“  9.9 милијарди долари значително заостанува зад Болмер и Ален.Првата милијарда на Мајкл Џордан,на чии плеќи се кошаркарите на Шарлот Хорнетс  го искачи на 19-то место на финансиски највлијателните лица во светот на спортот.