Објавен оглас за правни лица за контрола на производството на семенски и саден материјал

04.03.2015 12:57

Се бараат правни лица кои ќе вршат контрола на производството на семенски и саден материјал. Еден од условите е да располагаат со технички и кадровски капацитети...

Заинтересираните правни лица треба да имаат вработено најмалку едно лице со завршено високо образование од земјоделски науки, со три години работно искуство во областа на селекцијата, семепроизводство и генетиката на земјоделските растенијата.

На јавниот конкурс се бара и институција која може да врши чување и одржување на семиња од домашни и други сорти со цел да се зачува генетскиот материјал или така наречена ген-банка.

Јавниот конкурс трае 15 дена од објавувањето.

 

Методија Трајков