Вонредна прогноза: Од утре вренжи од дожд и снег
Метеоролозите од утре најавуваат значителна промена на времето, кога нашето подрачје ќе биде под влијание на влажен бран од Медитеранот и ќе предизвика облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег...

УХМР со вонредна временска прогноза. Метеоролозите од утре најавуваат значителна промена на времето, кога нашето подрачје ќе биде под влијание на влажен бран од Медитеранот и ќе предизвика облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.
Поизобилни врнежи ќе има во попладневните часови и во ноќта кон петок, кога во западните делови се очекува локално да наврнат околу 25 литри на квадратен метар.
На повисоките места, студениот воздух ќе предизвика врнежи од дожд, кои ќе преминат во снег, а ќе се зголеми и снежната покривка.
