Нашиот најдобар фудбалер е голгетерска машина во турскиот Куп

Пандев со два гола против Маниса

04.03.2015 13:25

Нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев постигна два гола за Галатасарај во синоќешната четвртфинална победа над Маниса од 4-0 и нанижа вкупно седум во ова натпреварување во текот на годинашнава сезона...

Во првенството не игра, налето ќе го напушта Босфорот, но затоа ги користи шансите коишто ги добива во Купот на Турција. Нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев постигна два гола за Галатасарај во синоќешната четвртфинална победа над Маниса од 4-0 и нанижа вкупно седум во ова натпреварување во текот на годинашнава сезона.

Тренерот Хамзаоглу нема доверба во него во домашната лига, но му овозможува да ја одржува формата низ настапи во Купот, а Пандев редовно му вовраќа. Откако мрежата на Балчова ја погоди дури четирипати, а потоа му даде гол и на Дијарбакир, против Маниса двапати погоди со глава, во 66-та и во 68-та минута, откако претходно стрелци за Галата беа Џемаили и Чолак.

На крајот на сезонава нашиот екс-репрезентативец се очекува да се врати во Италија, во дресот на Џенова.