Драмскиот театар одбележува 50 години од вселување во објектот

04.03.2015 13:28

По тој повод, вечер ќе биде изведена претставата „Ждрело“, во режија на Зоја Бузалковска...

Драмскиот театар во Скопје одбележува 50 години од вселувањето во постојниот објект, кој е донација на британската влада.

По тој повод, вечер ќе биде изведена претставата „Ждрело“, во режија на Зоја Бузалковска. Билетите за претставата се по симболична цена од 50 денари.

Објектот на Драмскиот театар е отворен во 1965 година со премиeрата на драматизацијата „Богомилска балада“, според романот на владо малески, а во режија на Тодорка Кондова.