Исплатени 310,8 милиони денари субвенции за обележани говеда

04.03.2015 13:39

Поддршката по обележано грло говедо е 2 илјади и 800 денари...

На сметките на 15 илјади 663 сточари легнаа  310,8 милиони денари субвенции за обележани грла говеда. Поддршката по обележано грло говедо е 2 илјади и 800 денари.

Владата на Република Македонија продолжува со поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство со поголем број мерки, во кои се вбројуваат и исплатата на субвенциите, соопштуваат од министерството за финансии.