Доделени 30 решенија за вработување на деца без родители

04.03.2015 14:18

Од 2013-та заедно со последниот оглас се вработени 143 деца без родители и родителска грижа...

Доделени решенијата за вработување во јавната администрација на 30 лица, кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа. Програмата се реализира од 2013-та година и замислата е системски да се реши проблемот за вработување на овие лица.

Од 2013-та заедно со последниот оглас се вработени 143 деца без родители и родителска грижа.

Ова е успешен показател и системско решение, со кое се покажува дека со државна помош може да се создаде сигурна иднина, велат од министерството за труд и социјална политика.