Германскиот Бундестаг расправа за состојбата во Македонија

04.03.2015 14:35

Според досегашните искуства, во Бундестагот не се вообичаени расправи за други земји, како што е случајот во други Парламенти, туку само кога ќе се јави потреба за тоа...

Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, расправа за Македонија зад затворена врата. Според најавите, темата е внатрешно- политичката ситуација во државава.

Неофицијално, пратениците ја разгледуваат информацијата на германската влада, за состојбите кај нас.

Според досегашните искуства, во Бундестагот не се вообичаени расправи за други земји, како што е случајот во други Парламенти, туку само кога ќе се јави потреба за тоа, и доколку нешто треба да се реши, како, на пример, одлука за почеток на пристапни преговори на Европската унија со некоја земја, визна либерализација.

Таквите расправи завршуваат на пленарна седница.