Изградба на нова полициска станица во Ѓорче Петров
04.03.2015 15:14
Објектот ќе има три ката, и корисна површина од над 3 илјади квадратни метри...

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е во обиколка на локацијата, каде што се гради новиот објект на полициската станица Ѓорче Петров.
Објектот ќе има три ката, и корисна површина од над 3 илјади квадратни метри.
За реализација на проектот се предвидени околу 845 илјади евра. Според планираното, во непосредна близина ќе биде и реновираната зграда на противпожарната единица.
