Авион на Туркиш Ерлајнс ја промашил пистата

04.03.2015 15:26

Според првичните информации лизгавата писта и маглата се причините за несреќата...

Авион Ербас 330 на компанијата Туркиш Ерлајнс ја промашил пистата и слетал во поле во близина на Катманду.

Според првичните информации лизгавата писта и маглата се причините за несреќата.

Нема информации за повредени патници, направена е само материјална штета. За време на летот во авионот имало 238 патници.