Кошарка – НБА

Атланта лидер во НБА

04.03.2015 16:02

Следен предизвик на Атланта и Антиќ ќе им биде Кливленд, кој во дуелотсо Бостон славеше убедливо со 110-79.

Атланта ја продолжи серијата добри игри и победи откако стигна и до 5-от последовен триумф, 48-ми сезонава , над Хјустон со 104-96. Иако гостите настапија без еден од најдобрите поединци Џејмс Харден, одлично го отворија натпреварот  стигнувајќи до предност од 18 поени пред крајот на втората четвртина. Сепак, во второто полувреме Атланта возврати на идентичен начин за целосен пресврт и конечен труимф. Тиг со 25 поени беше најефикасен во победничкиот состав за кој, Милсап стигна до двоен двоцифрен ефект со 16 поени и 14 скокови. Перо Антиќ одигра неполни 13 минути од натпреварот, реализирајќи три поени од трите обида за тројка, а запиша два скока и две асистенции.

Следен предизвик на Атланта и Антиќ ќе им биде Кливленд, кој во дуелотсо Бостон славеше убедливо со 110-79. На четвртина до крајот Кливленд имаше повеќе од 40 поени предност, за сепак во финишот Бостон да го ублажи поразот на условно попристојни 31 негатива. Леброн Џејмс беше најпрецизен со 27 поени, доволно да избие   на 21-то место на вечната листа на најдобрите стрелци.На другите средби:Две победи на гостите Мемфис – Јута 82-93 и Њујорк – Сакраменто 86-104 и три на домаќините: Шарлот – ЛА Лејкерс 104-103, Чикаго – Вашингтон 97-92 и  Денвер – Милвоки 106-95.