Ракомет

На изненадување во Нашице

04.03.2015 16:04

Во првиот меѓусебен натпревар на почетокот на Февруари годинава Металург дома го победи Нексе со 23-21, а при евентуален пораз во Нашице, шансата за настап на завршниот турнир ќе ја бара во последните 2 средби...

Со победа или реми во мечот со Нексе, екипата на Металург и дефинитивно ќе го обезбеди 6-тото место на табелата на крајот од лигашкиот дел во регионалното натпреварување,а со тоа и настапот во плеј-оф натпреварот против третопласираната екипа за пласман во полуфиналето на завршниот турнор на најдобрите 4 екипи во кое директен пласман веќе обезбедија лидерот Веспрем и сигурно второпласираниот Вардар.

Во првиот меѓусебен натпревар на почетокот на Февруари годинава Металург дома го победи Нексе со 23-21, а при евентуален пораз во Нашице, шансата за настап на завршниот турнир ќе ја бара во последните 2 средби, в петок на гостувањето против Борац или евентуално во последниот натпревар со Мешков на домашен терен на 15-ти месецов.

Од другастрана за конкурентот за 6-тата позиција Нексе по вечерашниот меѓусебен дуел ќе остане уште соочувањето со Борац на гости во последниот натпревар од лигашкиот дел од СЕХА на 18 март.

Во меѓувреме покрај со голманот Ефендиќ, пикерот Вргоч и десниот бек Голубовиќ,е кипата на Металург ростерот го пополни и со 20 годишниот централен бек Јања Војводиќ кој според некои проценки е најперспективниот српски ракометар во моментов, но дефинитивно поради повреди нема да може да смета на Талески и Неловски.