Патна инфраструктура за локален економски развој
Југоистокот од Македонија за три години доби над 257 километри рехабилитирани и новоизградени регионални и локални патишта. Сите населени места се поврзани со општинските центри, што придонесува за забрзан економски развој, особено по изградбата на патот од Ново Село до бугарската граница...

Развојот на патната инфраструктура е главен услов за локален економски развој и подобрување на квалитетот на живот, согласни се и општинските власти и граѓаните. Статистиката покажува дека од 2011 година до денес направени се 257.66 километри патишта на југоистокот. Од нив, 66,26 се локални, а 191.4 километри се регионални и магистрални патни правци. Струмица добила најмногу регионални патишта во должина од 42,25 километри, по што следува Радовиш со 35.10 и Валандово со 29 километри.
„Има направено добри патишта, особено на кај Плачковица“, вели жителка на Радовиш.
„Добро е да се градат патишта“, вели жител на Радовиш.
За Југоисточниот плански регион, инвестирањето во патишта е директно инвестирање во развој на индустриските зони.
„Од една страна имаме поврзување на сите населени места со општинските центри, а од друга страна тоа помага за локален економски развој“, вели Ванчо Стојанов, Совет на Југоисточен плански регионален.
Во Општина Валандово велат дека и оваа година главен приоритет им се инфраструктурните проекти.
„75% од развојниот буџет ги планираме за инвестирање во инфраструктурни проекти. Како општина одлучивме парите од гражаните пак да се трошат за граѓаните“, изјави Николче Чурлиноски, градоначалник на Валадново.
До 2017-та година во Југоистокот од Македонија треба да заврши изградбата на патот Струмица- Ново Село до бугарската граница во должина од 10 километри, како и локалниот пат од Попчево- Белотино- Рич од 9 километри.
Катерина Давчева
