Едукација на идните мајки за здрави поколенија
Има мајки кои од забременувањето до породувањето никогаш не посетиле гинеколог. Освен сопствениот живот, го загрозиле и животот на бебето. Овие податоци ги мобилизираа здравствените власти...

Ненавременото одење на гинеколошки преглед пред и за време на бременоста е најчестата причина за предвремено родените бебиња- велат лекарите. Има мајки кои од забременувањето до породувањето никогаш не посетиле гинеколог. Освен сопствениот живот, го загрозиле и животот на бебето. Овие податоци ги мобилизираа здравствените власти, преку протоколи да ги едуцираат идните мајки како до здрави поколенија.
„Скринирањето на ваквите пациенти, ординирање на гестагена терапија токму во овој втор триместар значително би можело да ја намали стапката на предвремено породување. И ние тоа го направивме во овие протоколи и сметаме дека на тој начин ќе придонесеме и во редукција на стапката на предвремено породување така и во редукцијата на морталитетот“, вели д-р Марија Хаџи Лега- директор на ГАК.
Според податоците 7,4 проценти на 1.000 живородени деца се со ниска родилна тежина, а тоа е една од почестите причини за предвременото раѓање.
„Од 7,4 да го намалиме на 6 или помалку. Тоа ќе ни помогне сериозно да ја намалиме смрттноста, но за тоа неопходна соработка од мајките, од бремените жени, мора да го почитуваат советите на гинеколозите мора да одат на прегледи и да ги прават кои се пропишани со овие протоколи“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.
При породувањето, жената има право доколку сака да се породи со царски рез, а од страна на докторот ќе и бидат посочени предностите на едниот и другиот вид породување.
Андријана Атанасовска
