Јубилеј: Драмски театар 50 години на „Шекспирова“
Генерациии театарски македонски дејци своите најблескави уметнички страници ги испишале на сцената на Драмскиот театар. Потврда за успешноста се бројните награди кои театарот ги добива во земјава и во регионот...

Неколку години по разурнувачкиот земјотрес, од темелите на пеплосаното Скопје се изгради Драмскиот театар. Одтогаш, 4-ти март за актерите е празник кој вечно ќе го слават. Милица Стојановска, доајенот на македонското глумиште се присети на моментот кога пред 50 години ја одиграла својата прва улога во Драмски. Се уште се свежи сеќавањата од премиерата на „Богомилска балада“ со која бил отворен новиот објект.
„Ние се собиравме во фоајето, седевме, разговаравме, пеевме, тоа беше едно такво другарување- неверојатно“, се сеќава Стојановска.
Генерациии театарски македонски дејци своите најблескави уметнички страници ги испишале на сцената на Драмскиот театар. Потврда за успешноста се бројните награди кои театарот ги добива во земјава и во регионот. По 70-те години творештво Драмски останува една од најуспешните театарски куќи со кои што се гордеат театарските работници.
„Читајќи ги имињата на актерите, режисерите и драматичарите, кои што стапнале на оваа сцена можам само да кажам- гордост е да се биде дел од Драмски“, вели Рубенс Муратовски.
„Драмскиот театар од Скопје е добитник на речиси сите релевантни признанија во областа на културата и на театарската уметност, како во Република Македнија, така и на Балканот“, нагласи директорот на театарот, Роберт Велјановски.
Театарскиот објект на „Шекспирова 15“ е изграден со средства донирани од владата на Велика Британија како солидарност за помош на разурнатото Скопје. Обединетото кралство е голем пријател и поддржувач на на Македонија, рече британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Гарет.
„Јас сум горд што мојата земја можеше да пружи солидарност за Македонија, воедно и да помогне во развојот на еден сектор од нејзиното општество“, рече амбасадорот Гарет.
„Солунски патрдии“ е претставата која најдолго се изведувала во Драмски, а во 1991- та, претставата „Чија си“ ги урнала рекордите на посетеност.
Дека Драмскиот театар се наоѓа на пиедесталот на македонското културно творештво покажува фактот што во изминативе 50 години овде се одиграле преку 10.500 претстави, 339 премиери, а нив ги посетиле 2 милиони граѓани.
Викторија Тодоровска
