Ракомет

Металург поразен во Нашице

04.03.2015 21:23

Челеби и Ороз со 5 гола беа најефикасни во домашниот состав, а исто толку за Металург постигна Мартин Манасков, но немаше подршка во соиграчите меѓу кои и дел од новите засилувања што резултира и со премногу технички грешки...

Спротивно на традицијата од претходните натпревари по малку неочекувано, екипата на македонскиот ракометен шампион Металург убедливо го загуби дуелот со Нексе на гостувањето во НАшице со 25-19,ако се има предвид дека во првото полувреме Металург имаше сосема пристојна и достижна негатива од 12-10 и надеж дека во второто може и до пресврт откако на претходното гостување против Мешков во Брест одигра одлични втори 30 минути.Сепак во Нашице се случи токму спротивното , па во 18-те минути од продолжението Металург постигна само 2, а прими десет голови, по што се чини се беше извесно околу победникот и конечниот резултат. До крајот Металург ја ублажи негативата ,но сепак убедливо загуби со 25-19.

Челеби и Ороз со 5 гола беа најефикасни во домашниот состав, а исто толку за Металург постигна Мартин Манасков, но немаше подршка во соиграчите меѓу кои и дел од новите засилувања што резултира и со премногу технички грешки.

Нексе со трите нови бода го презеде 6-тото место на табелата што води во плеј-оф средбите за пласман во полуфиналето на завршниот турнир на СЕХА регионалното натпреварување и до крајот на лигашкиот дел има уште натпревар со Борац кој е следниот противник на Металург в петок, но покрај бодовите со Борац на металурзите се чини неопгодни ќе им бидат и трите бода од последниот натпревар на 15 март со Мешков на домашен терен.