АМСМ: Забрана за камиони на Стража и Маврово-Дебар

05.03.2015 09:14

Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози...

Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинските превои Стража и крак Маврово-Дебар поради врнежи од снег.

Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.