Земјоделство: Исплатени најголем дел од субвенциите за 2014-та

05.03.2015 11:36

Исплатени се најголем дел од земјоделските субвенции за 2014 година. Лозарите, градинарите и поледелците добија скоро 650 милиони денари...

Во февруари исплатени се поголем дел од субвенциите за земјоделското производство. 47 илјади фармери добија скоро 650 милиони денари.

Пари добија лозарите, градинарите, производителите на добиточна храна, индустриски и житни култури.

Финансиската подршка ја имаат сите кои ги исполнуваат условите, освен оние кај кои е извршена контрола на терен.

Тие парите ќе ги добијат до средината на март односно по обработка на записниците од контролите.

 

Методија Трајков