Акција за порибување на Радика и Мавровско езеро
Се извши порибување на реката радика на четири различни локации. Во денешната акција, која ја спроведе националниот парк Mаврово, пуштени се 20.000 парчиња речна риба. Оваа акција се спроведува по седми пат, а до сега се пуштени 250.000 парчиња речна пастрмка...

Нови 20.000 парчиња речна пастрмка пуштена се во реката Радика. Порибувањето се изврши на четири локации, а за годинава се предвидува уште една ваква акција која ќе се спроведе во текот на есента.
Порибувањето по седми пат го спроведува националниот парк „Маврово“ во рамките на надлежностите и активностите на оваа јавната установа.
„Впрочем се збогатуваат водите што се предмет на трајна концесија на националниот парк „Маврово“. Се работи за Радика, нејзините притоки и Мавровското езеро“, изјави Онер Јакупоски, директор на национален парк „Маврово“.
По течението на Радика е дозволен риболов, но исклучиво за време на викенди и празници и со ограничено количество улов.
„Во рамки на националниот парк имаме служба за заштита на природа во која влегуваат сите ренџери, кои истовремено се и рибочувари, со добиени лиценци. Риболовната сезона започна од први февруари, а трае до први октомври. Како риболовни средства за река Радика се дозволени исклучиво вештачки мамки, дозволени денови се петок, сабота, недела и државни празници, со дозволен улов од пет парчиња на Радика со големина над 30 сантиметри и четири парчина на Мавровско езеро над 30 сантиметри“, објаснува Завкет Веапи, одговорен за риболов.
Минатата година ренџерите фатени 14 рибокрадци кои ловеле риба со мрежи. Тринаесет од нив се откриени, додека за еден се уште се води истрага.
Зоран Јованоски
