Нова инвестиција во општина Илинден
05.03.2015 12:09
Вкупната инвестиција изнесува 500 илјади евра, со која за почеток се отворени 15 нови работни маста...
Во општина Илинден во употреба е ставен новиот објект на царинскиот склад на компанијата Мултишпед.
Располага со корисна површина од 1.000 метри квадратни, а вкупната инвестиција изнесува 500 илјади евра, со која за почеток се отворени 15 нови работни маста, а постепено оваа бројка ќе се зголемува во наредниот период.
Промовирањето на потенцијалните можности за инвестирање во Општина Илинден, даваат позитивен импулс за влез на нови инвеститори и отворање на нови слободни работни места, соопштуваат од општината.
