Ограбен златар од Скопје
05.03.2015 12:17
Сторителите го пресретнале оштетениот физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото, му ја одзеле ташната...

Во Скопје на бул. „Никола Карев“, синоќа околу 18 часот од страна на неколку непознати лица извршено е разбојништво над М.Х.(51) од Скопје, сопственик на златара, при што му одзеле ташна во која имало околу 500 грама злато.
Сторителите го пресретнале оштетениот физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото, му ја одзеле ташната и со возило се одалечиле од местото на настанот.
МВР соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
