ООН: Економските загуби од природните катастрофи достигнуваат 300 милијарди долари
05.03.2015 12:22
Со вложување на шест милијарди долари годишно ризикот од овие природни незгоди може неколкупати да се намали...

Светските економски загуби од природните катастрофи како земјотреси, поплави и циклони, достигнуваат од 250 до 300 милијарди долари, се вели во најновиот извештај на Обединетите нации.
Со вложување на шест милијарди долари годишно ризикот од овие природни незгоди може неколкупати да се намали.
Извештајот е поттик на земјите да направат стратегиски план за намалување на ризикот, изјави претставничката на ОН, Магарета Валстерм.
