Европската елита во Прага
Во велелепната О2 Арена во наредните четири дена ќе се натпреваруваат 643 атлетичари од 49 земји. Македонската атлетика ќе биде претставена со две имиња...

Денеска во Прага започнува 33-то Европското првенство во атлетика во сала. Во 45 годишната историја на шамионатите во затворен простор,главниот град на Чешка прв пат е домаќин на европската атлетска елита. Во велелепната О2 Арена во наредните четири дена ќе се натпреваруваат 643 атлетичари од 49 земји. Македонската атлетика ќе биде претставена со две имиња.
Прва на борилиштето ќе се појави Христина Ристеска во трките на 400 метри. Нејзиниот најдобар резултат во сала е 57.86 секунди. Терминот на квалификациите на 400 метри е петок во 11.30 часот. Вториот македонски репрезент е Ристе Пандев. 21-годишниот македонски рекордер ќе биде дел од спринтот на 60 метри. Неговото најдобро остварување во оваа дисциплина е 6 секунди и 86 стотинки. Својот квалификациски настап Пандев ќе го има в сабота почнувајќи од 10 часот и 35 минути.
Натпреварува;киот дел од Европското првенство започнува денеска попладне со квалификациите во фрлање ѓуле и во скок во далечина. Рено Лавилени, Грег Ратерфорд, Дафне Шиперс, Давид Шторл, Нелсон Евора, Жужана Хејнова, Џеки Медоус е само дел од европската атлетска елита, која ќе настапи во Прага. Настаните во О2 Арената ќе бидат и со досега најсилна медиумска поткрепа, особено телевизиска со слика во 59 земји.
