1.000 лица ќе бидат опфатени со програмата за практикантство

05.03.2015 13:05

Во тек е огласот за пријавување на приватните фирми кои сакаат да најдат соодветен млад кадар...

Околу 1.000 нови лица до 29 годишна возраст годинава ќе бидат опфатени со програмата за практиканство што ја спроведуваат Министерството за труд и социјална работа и државната Агенција за вработување.

Во тек е огласот за пријавување на приватните фирми кои сакаат да најдат соодветен млад кадар. 

За оваа програма владата одвои 18 милиони и 600 илјади денари. Досега преку оваа мерка се вработиле 1.070 млади лица.