Северозападна Македонија под снег
05.03.2015 13:09
Поради интензивните врнежи забрана за движење на тешки товарни возила има на планинските превои Стража и на регионалниот пат Маврово-Дебар...

Нова снежна покривка во северозападна Македонија. Поради интензивните врнежи забрана за движење на тешки товарни возила има на планинските превои Стража и на регионалниот пат Маврово-Дебар.
Според информациите добиени во АМСМ и од Македонија пат, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.
Внимателно возење се препорачува низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
