Руската полиција ги има снимките од убиецот на Немцов

05.03.2015 13:15

Претходно беше објавено дека полицијата го нашла автомобилот со кој избегале убијците...

Руската полиција ги има снимките на кои можат да се видат напаѓачите на опозиционер Борис Немцов, соопшти руската телевизија РЕН ТВ.

Претходно беше објавено дека полицијата го нашла автомобилот со кој избегале убијците.

Шефот на Федералната служба за безбедност изјави дека веќе имаат неколку осомничени.

Путин порача сторителите да бидат пронајдени за да се отстрани меѓународниот срам од Русија.