Во Франција од грип починале над 8.500 лица

05.03.2015 13:50

Вирусот што циркулира оваа година се покажал како поопасен, особено за лицата над 65 години, информираат од Институтот за здравствена грижа...

За 19% повеќе смртни случаи поради грипот во споредба со претходните  години, соопштуваат здравствените власти во Франција. Вирусот што циркулира оваа година се покажал како поопасен, особено за лицата над 65 години, информираат од Институтот за здравствена грижа.

Иако смртноста е повообичаена во зимскиот период, сепак таа годинава е зголемена и поради фактот што вакцините се покажале како неефикасни затоа што биле за друг тип на вирус,сметаат здравствените власти на Франција. Епидемијата се уште не завршена.