Проработе еден блок од РЕК Битола, вториот ќе биде пуштен попладнево

05.03.2015 13:56

Од Електрани на Македонија најавуваат дека во текот попладневните часови на мрежа ќе биде ставен и вториот блок на комбинатот...

По вчерашното исклучување на два термо блока од РЕК Битола поради технички отстапувања, доцна синоќа во електроенергетскиот систем е вклучен еден блок.

Од Електрани на Македонија најавуваат дека во текот попладневните часови на мрежа ќе биде ставен и вториот блок на комбинатот, а третиот би бил вклучен доколку за тоа има потреба.