МИМ ги додели наградите за најдобра истражувачка сторија

05.03.2015 14:10

Членовите на жирито едногласно одлучија наградата за најдобра истражувачка сторија за 2014-та година да му припадне на новинарот Љубиша Арсиќ...

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) ги додели новинарските награди „Никола Младенов“. Членовите на жирито едногласно одлучија наградата за најдобра истражувачка сторија за 2014-та година да му припадне на новинарот Љубиша Арсиќ.

Покрај наградите за најдобрите три новинарски текстови, жирито додели признанија и пофалници. На конкурсот што МИМ го објави по 14-ти пат се пријавиле 28 автори со  49 стории, објавени во дневни весници, телевизии, интернет портали.

Наградите за најдобра истражувачка сторија се доделуваат од 2001-та, а од пред две години го носат името на трагично загинатиот новинар „Никола Младенов“ .