Забранет увоз на сомнителни американски јаболка во Тајланд, Малезија и Филипини
05.03.2015 15:12
Здравствените власти добиле потврда за листеријата и од Агенцијата за храна на САД...

Дел од ланската берба на американски јаболка биле заразени од листерија и затоа Тајланд, Филипини и Малезија го забранија нивниот увоз. Здравствените власти добиле потврда за листеријата и од Агенцијата за храна на САД.
Медиумите во Малезија, Филипини и Тајланд наведуваат дека и покрај забраната постои сомнеж дека неколку илјади тони ќе се најдат во продавниците. Се работи само за два вида јаболка кои што се заразени, а продавачите ги смениле декларациите и ги понудиле без наведување на брендот.
Во САД со листерија најмногу биле јаболката Грини Смит. По Кина која е на прво место, САД е втор по големина производител на јаболка во светот.
