Брутално нападнат американскиот амбасадор во Сеул, заврши со 80 конци на лицето

05.03.2015 16:06

Американскиот амбасадор Марк Липерта брутално беше нападнат од 55-годишниот јужнокорејски опозициски активист Ким Ки Јонг. При нападот со нож, Липерта се здобил со повреди на лицето и на едната рака...

Зашиен со 80 конци. Ова е епилогот од двочасовната операција извршена врз  американскиот амбасадор во сеул, Марк Липерта. Додека имал официјален појадок во локал во близина на амбасадата, тој беше брутално нападнат со нож од јужнокорејски опозициски активист и доби повреди на лицето и на едната рака.

„Амбасадорот е надвор од животна опасност и се чувствува добро, благодарение на брзата интервенција на обезбедувањето“, изјави Роберт Огбурн, претставник на амбасадата на САД во Сеул.

За време на инцидентот мажот извикнал „Јужна и Северна Кореја  треба да се обединат“  и потоа го извршил нападот.

„Денеска извршив терористички напад“, изјави Ким Ки Јонг.

Но, веднаш падна во рацете на полицијата.

„Го упасивме осомничениот и ги истражуваме причините за нападот“, рече Јун Муеонг шеф на полиција.

Ким Јонг бил лидер на група активисти кои се борат за обединување на корејскиот полуостров, и кои редовно одржувале демонстрации против јапонските територијални претензии. Во неговото досие е евидентирано дека веќе има сторено слично дело, во 2010-та го нападнал и јапонскиот амбасадор.

Американскиот претседател Обама го осуди нападот. Со остра реакција и претседателот на Јужна Кореја.

„Односите меѓу Јужна Кореја и САД се добри и нема да дозволиме овој инцидент да ги разниша“, рече Чо Тае Јонг, заменик министер за надворешни работи.

Од друга страна Пјон Гјанг, историскиот непријател на Сеул, соопшти дека нападот е казна за американското поттикнување на војна.

 

Марија Петковска