Центарот за советување и помош на жени „Лидија- срце што чука“ со своја канцеларија во Скопје
На жените кои се соочуваат со непланирана бременост им нудат бесплатно советување и тест за бременост...

Центарот за советување и помош на жени „Лидија- срце што чука“ ќе отвори своја канцеларија во Скопје. На жените кои се соочуваат со непланирана бременост им нудат бесплатно советување и тест за бременост.
Да не се донесува избрзана одлука – абортусот не е единственото решение при несакана бременост, дозволете им на своите деца да бидат родени, порачува Светлана Јованова претседателка на центарот.
„Секоја жена одлучува за својата бременост, но таа треба да одлучи и за живтот на своето дете, независно по кој пат е зачнато. Можеби на почетокот ќе и биде тешко, но кога тоа бебе ќе се роди, сите тие тешки моменти ќе бидат заборавени“, вели Светлана Јованова.
Советниците во центарот „Лидија – срце што чука“ се обучени од областа на кризно советување и можат да одговорат на сите прашања кои ја интересираат жената во моментот кога е соочена со несакана бременост- за пренаталниот развој на детето, процедурите и ризиците од абортусот како и за помошта која им е на располагање на жените кои се сами и без поддршка од партнерот.
Билјана Јанакиеска
