Ракомет – СЕХА лига

Штербик во идеалниот СЕХА тим за февруари

05.03.2015 17:37

Вардаровиот голман е избран во првата седморка во СЕХА лигата за февруари...

Успесите на Вардар сезонава се поврзани и со придонесот на Арпад Штербик. Кога тој е на ниво, значително се олеснува задачата на тимот.

Вардаровиот голман е избран во првата седморка во СЕХА лигата за февруари. Неговите 13 одбрани беа клучни за победата над Мешков. Покрај Штербик, во идеалниот тим за минатиот месец се и Маргуч и Сулиќ од Веспрем, Челица од Загреб, Антл од Татран, Јанковиќ од Борац и Орбовиќ од Војводина.