Ракомет

Радовиш – Прилеп на Собраниски од 19 часот

05.03.2015 17:39

Другите двојки од 15-тото коло се Зомимак – Преспа, Пролет – Охрид, Пелистер – Металург јуниор и Текстилец – Работнички...

Вардар е пресилен за нашите ракометни прилики, а таков статус досега имаше и Металург, па овие две екипи ги прескокнуваа натпреварите од нашата ракометна Суперлига. Од неа има уште четири рунди, пред почетокот на фазата во којашто ќе се приклучат нашите претставници во Лигата на шампионите.

Денеска Радовиш ќе го пречека Прилеп, а преносот од овој меч ќе биде на Собранискиот сервис од 19 часот. Другите двојки од 15-тото коло се Зомимак – Преспа, Пролет – Охрид, Пелистер – Металург јуниор и Текстилец – Работнички.