Чапин во МЗТ Скопје
05.03.2015 17:40
МЗТ Скопје се обидува да ја извади сезоната со успех во домашниот шампионат. Затоа македонскиот првак се засили со Александар Чапин...

Откако го загуби пехарот во купот, а не е на посакуваното ниво и во Јадранската лига, МЗТ Скопје се обидува да ја извади сезоната со успех во домашниот шампионат. Затоа македонскиот првак се засили со Александар Чапин, искусен организатор на играта кој во кариерата настапуваше за многу клубови во Европа, а сезонава го носеше дресот на Будуќност од Подгорица и на Јувекасерта од Италија.
Во сезоната 2012-та/2013-та, кога настапуваше за Раднички Крагуевац, Чапин беше избран за најкорисен играч во Јадранската лига.
