Снегот ќе го одложи 19.коло?!
05.03.2015 17:42
Снегот во Тетово може да биде пречка за одигрување на две средби од 19-тото коло во Првата лига, а со оглед дека и другите терени не се во најдобра состојба...

Временските услови не влијаат премногу на спортовите во сала, но можат да направат проблеми на почетокот на третиот дел од фудбалското првенство на Македонија.
Снегот во Тетово може да биде пречка за одигрување на две средби од 19-тото коло во Првата лига, а со оглед дека и другите терени не се во најдобра состојба, Фудбалската федерација на Македонија утре ќе реши дали викендов ќе има прволигашки фудбал кај нас.
