Нови детали за „Пуч“: Скајп комуникацијата ги открива плановите на Верушевски и Лазаревски
Освен со шифирирани пораки, инволвираните во случајот „Пуч“ комуницирале и преку социјалните мрежи. Новите детали од истрагата...

Полицијата откри како комуницирале првоосомничениот Верушевски и петтоосмничениот Ѓорги Лaзаревски кои во случајот „Пуч“ се товарат за шпионажа. Комуниакцијата ја вршеле преку социјалната мрежа Скајп. Верушевски под името Златко Велевски регистриран како „Оркестар 11“, а Лазарвески како „Кока кола 10 а“. Извори од истрагата велат дека станува збор за обемен материјал, над 300 страни и шест илјади пораки директно поврзани со незаконските активности, делата кои им се ставаат на товар. Пораките кои досега се откриени датираат од 2012- тата, а истрагата не ја исклучува можноста, комуникацијата да се одвивала од поодамна.
Дата: 29.01.2014
Време: 23.09 ч
Од Оркестар 11 до Coca Cola 10 a
Бидете уверени оваа мака нема да дозвочам да биде бадијала.
Би било навистина жалосно да ја изгубиме оваа позција која неверојатно добива во квалитет.
Пораките немаат одговор, очигледно корисникот „Кока Кола“ не бил логиран.
Разговор меѓу Оркестар 11 до Coca Cola 10 a
Дата: 31.01.2014
16.40 Стануваме потребни
Дата: 01.02.2014
09.15 И да не бидам скромен претставуваме нешто што тешко може да се замисли
09.16 Знаејќи го чадорот не верувам дека ќе останеме заборавени
09.17 Напротив имаме големи перспективи
Дознаваме од извори на истрагата дека „чадорот“ што се споменува повеќепати во комуникацијата веројатно ја преставува странската служба за која работеле и од која очекуваат заштита.
Разговор меѓу Оркестар 11 до Coca Cola 10 a
Дата: 03.02.2014
22.18 Ова ќе зоврие
22.19 Можно е да излезе од контрола
22.19 Навидум овој мир може да експлодира
Ние сме навикнати друг да страда, а ние сме благонадежни.
Според извори од истрагата со следната размена на пораки била креирана дестабилизацијата.
Разговор меѓу Оркестар 11 до Coca Cola 10 a
Дата: 08.04.2014
18.32 Ќе биде тешко ама без знаш ептен потешко
18.33 Ај те чекам деновиве со инфо
Не ме разбираш колку ми е тешко
Да бе мене ми е полесно
Стои во комуникацијата меѓу „Оркестар 11“ и „Кока Кола 10 а“. Според изворите во наредната комуникација се споменува и четврто осомничениот, Зоран Заев, а според анализите, очигледна била намерата за дестабилизација и внатрешен конфилкт во земјава.
Разговор меѓу Оркестар 11 до Coca Cola 10 a
Дата: 02.10.2014
23.16 Знаеш потребно е да имаш поддршка
23.16 И јас сакам да верувам во тоа
23.16 Подршка сега имаме за првпат
23.16 И на што личеше тоа
23.16 Досега бевме Десперадоси
23.17 Си му дал се на идиотот
23.17 Не ме припреми
23.18 Околностите беа неверојатни
Истрагата продолжува да ги дешифрира тајните начини на комуникација меѓу осомничените во „Пуч“.
Наташа Гркова- Петрушевска
