АМСМ: Забрани за камиони и автобуси на дел од патиштата

06.03.2015 08:55

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација...

Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Стража и на патните правци крак Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка, каде има и забрана за движење на автобуси, информира Автомото сојузот на Македонија. 
 
На патниот правец Тетово – Јажинце задолжителна е употреба на зимска опрема за тешките товарни возила. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет паѓа во северозападниот и југозападниот дел од државата, наместа со остатоци  на коловозите.
 
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.