Земјоделство: Пад на цените на вештачките ѓубрива

06.03.2015 11:21

Вештачките ѓубрива минатата година биле поевтини. Цените на овие репроматеријали експертите го врзуваат со поголемата конкуренција на пазарот...

Земјоделците се жалеа дека цените на минералните ѓубрива постојано растат и дека се ограничени во нивниот избор.

Поради поголемата конкуренција лани е забележан пад на цените на сите видови вештачки ѓубрива. Најмногу или 4,5 проценти поевти најупотребуваното ѓубриво, така нареченото „три петнаески“ кое сега во просек чини 28 денари за килограм.

Семињата пак минатата година биле поскапи. Најголем пораст имала семнеската пченица од 8,6 луцерката со 6,2 и компирот со 3 процентно зголемување.

 

Методија Трајков