„Приказните од шестиот кат“ ја воодушевија публиката во Велешкиот театар

06.03.2015 11:34

Во месецот на театарот, нова премиера на актерите на Велешкиот театар. Вчеравечер пред публиката ја одиграа претставата „Приказни од шестиот кат“, претства во режија на Дејан Дамјановски работена според собрани раскази од Драги Михајловски...

„Приказните од шестиот кат“, актерите од велешкиот театар започнаа да ги раскажуваат.  Режисерот Дамјановски на сцената постави  престава која изобилува со големо богатство на ликови, карактери, ситуации од секојдневниот живот, зачинети со визуелно и звучно богати сцени. Според првичната реакција на публиката актерите одиграа успешна престава.

„Знам колкав е интерсот  овде во Велес за театар, има веќе едно ниво не почнувам од нула како дека можам д абида изненаден но не очекував дека можеме да стигнеме до ева ваков резултат“, изјави режисерот Дејан Дамјановски.

Главниот лик во „Приказни од шестиот кат“ е американецот Ричард. Тој доаѓа во Македонија со надеж за голем успех, а заминува како губитник.

„Губитник затоа што се откажа од она што најмноги го сакаше, всушност тоа е вечната дилема на секој еден човек кој се занимава со уметност“, рече актерот Васил Зафирчев.

Да се слушне громогласен аплаус е желба на секој глумец, но по премиера публиката да ги врати актерите на „бис“ е ретко доживување .

„Сега почнува животот за мене во овој театар и се надевам дека ќе имам многу вакви улоги и вакви престави“, рече актерот Фаик Мефаиловски.

„Задоволна сум. Беше интересен процес,  можевме сами да го креираме ликот“, вели актерката Талија Настова.

„Приказни од шестиот кат“ е втора престава која се поставува  на сцената  во новата театарска зграда во Велес.

 

Дијана Иванова