Невреме на Балканот: Без струја останаа неколку илјади жители
06.03.2015 11:51
Сообраќајот е и натаму во прекин на повеќе патни правци и се запрени траектите во Јадранско Море...

На Балканот без струја останаа повеќе илјади жители на Босна и Херцеговина, а во Црна Гора голем број граѓани останаа отсечени од поплавите и од снегот, се евакуираат децата и болните. Ветерот превртил неколку камиони и автомобили во Хрватска, без покрив остана едно училиште, оштетени неколку згради во Ријека.
Сообраќајот е и натаму во прекин на повеќе патни правци и се запрени траектите во Јадранско Море.
Во Србија поради изобилниот снег без струја останаа два далновода на Златибор и целосно се отсечени неколку села, а на Ваљево му се заканува надојдената река Колубара. Црвен аларм е прогласен во повеќе области од балканските републики.
