Случајот „Музеј“ влегува во завршница

06.03.2015 12:00

Златко Видевски како програмски директор и Софка Кушевска како раководител со депото, според обвинението се најодговорни за оваа мега- кражба...

Судот да ги прогласи за виновни седумтемина осомничени за кражбите во Музејот на Македонија, побара обвинителот во завршниот збор.

Златко Видевски како програмски директор и Софка Кушевска како раководител со депото, според обвинението се најодговорни за оваа мега- кражба, затоа што, како што тврди обвинителството, дозволиле лица кои не се вработени во музејот да влегуваат во депото, а толерирале и изнесување на предмети без за нив да се води прецизна евиденција.

Од збирките на историско културно наследство недостасуваат 162 предмети.

Судењето продолжува во понеделник со завршен збор на обвинетите.

 

Анита Димитријевска