Нов оглас на Владата за странски експерти во домашните компании

06.03.2015 13:04

Ќе можат да е пријават компании од сите сектори и да се ангажираат експерти во сите сегменти од нивниот процес на работа каде што имаат потреба од унапредување и подобрување на работењето. Владата ги покрива 95 проценти од трошоците...

Оглас за ангажман на странски консултанти што ќе помагаат на домашните компании. Во фокусот малите и средни бизниси.

Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција информира дека се оди во втор циклус од овој проект со оглед на позитивните резултати од веќе реализираниот прв циклус.

„Ќе можат да е пријават компании од сите сектори и да се ангажираат експерти во сите сегменти од нивниот процес на работа каде што имаат потреба од унапредување и подобрување на работењето. Владата ги покрива 95 проценти од трошоците, а резултатите се гледаат најмногу преку отворените нови работни места“, посочи Ѓорѓиев.

Можат да се пријават фирми со најмалку 51 насто домашен капитал од 5 до 250 вработени.