Ана Дурицкаја добивала смртни закани
06.03.2015 13:38
Дурицкаја во полициска станица изјавила дека непознати лица смртно се заканувале...

Единствениот сведок на убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов, Ана Дурицкаја добивала смртни закани по враќањето во Украина, соопшти украинското Главно обвинителство.
Дурицкаја во полициска станица изјавила дека непознати лица смртно се заканувале.
23-годишната манекенка беше заедно со Немцов ноќта кога беше убиен во Москва. Неколку дена беше задржана на распит во Москва, по што и беше дозволено да се врати во Украина.
