Во Маврово снежна покривка над 80 сантиметри
06.03.2015 12:33
Денеска времето ќе биде претежно облачно, повремено со засилен северен ветар...

Врнежи од снег ја зафатија Македонија. Снежна покривка од над 80- тина сантиметри во Маврово. Таму беше измерена најниска температура од минус 4 степени. Врнежи од дожд и ветер ја нападнаа Гевгелија.
Денеска времето ќе биде претежно облачно, повремено со засилен северен ветар. Максимална температура до осум степени. И во текот на викендот повремени слаби врнежи претежно од снег.
Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози наместа со остатоци од снег, забарна за тешки товарни возила и автобуси на дел од планинските превои.
