„Домашна визита“ продолжува во рурални и тешко достапни средини
06.03.2015 14:16
Податоците од терен покажуваат дека преку превентивните прегледи од проектот „Домашна визита“ , кај дел од граѓаните за прв пат се открива дека имаат дијабет или зголемено ниво на маснотии...

300-те патронажни тимови во следните два месеци ќе посетат околу 36 илјади граѓани што живеат во руралните и тешко достапни средини, со посебен фокус на постарата популација.
Податоците од терен покажуваат дека преку превентивните прегледи од проектот „Домашна визита“ , кај дел од граѓаните за прв пат се открива дека имаат дијабет или зголемено ниво на маснотии.
Преку овој проект прегледани се над 50 илјади постари граѓани со хронични болести.
