Шест години од хеликоптерската несреќа кај Блаце
На 12-ти јануари се навршуваат шест години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада на македонската армија. По тој повод утре делегации од Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда на АРМ, како и членовите на семејствата на загинатите припадници ќе положат венци со свежо цвеќе на спомен обележјето пред командата на ВБР во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец. Македонските мировници загинаа при враќање од европската мисија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.