Свечена заклетва на 25-тата генерација доброволци во АРМ

06.03.2015 14:25

Во овие доброволци АРМ гледа како на идни професионални војници и старешини. Свечено дадената заклетва им ја честита Зоран Јолевски, министер за одбрана...

25-тата генерација војници доброволци во АРМ денеска дадоа свечена заклетва. Пред самите себе, старешините, но и пред нивните роднини и пријатели се обврзаа дека ќе ја бранат слободата и територијалниот интегритет на државата.

Оваа класа брои 165 војници. Помеѓу нив и 12 припаднички на понежниот пол. Во овие доброволци АРМ гледа како на идни професионални војници и старешини. Свечено дадената заклетва им ја честита Зоран Јолевски, министер за одбрана.

„Доброволното служење во АРМ ви ја отвара можноста да продолжите со надградба на воената професија во професионалниот состав на служба во АРМ. Вие ја претставувате базата за натамошна селекција на професионални војници во нашата Армија и ви се отвара можноста да станете столб на одбраната на нашата татковина“, потенцира министерот Јолевски.

Тој им вети дека Министерството за одбрана ќе стори се да ги отвори сите врати и тие да бидат дел од одбраната на Република Македонија.